Полиси за правни лица

Осигурување на имот

Дознајте повеќе за осигурителните полиси на вашиот правен имот. Дозволете да ви помогнеме во процесот на осигурување и да ви го пренесеме нашето експертско мислење за сите услуги кои можете да ги добиете.

ПРОВАЛНА КРАЖБА И РАЗБОЈНИШТВО
  • Предмет на осигурување се сите предмети кои се во сопственост на осигуреникот, а се сместени во заклучени простории, како и предмети на трети лица земени на поправка, преработка, пари и хартии од вредност, пари во банкомати, превезување на пари и други вредности, осигурување на моторни возила во складишта итн, согласно условите за осигурување.
  • Со овој вид на осигурување покрај украдените предмети, осигурани се и уништените и оштетените предмети при провалната кражба, или во обид за такво дејство. Увид и записник од МВР задолжителен.
  • Најчесто се врши осигурување на предметите како група со можност,освен оние предмети кои се наоѓаат во моментот, се осигурени и оние кои што ќе се набават подоцна (ако се води точна сметководствена евиденција).
ПОЖАРНИ РИЗИЦИ

Најчесто овој вид на осигурување, кај правните лица се води како основно осигурување. Со купувањето на полиса од пожар и некои други опасности, го заштитуваме највредниот имот на компанијата почнувајќи од зградите, канцелариите, производните погони, продавници, магацини, опрема и машини за производство, канцелариски мебел, компјутерската опрема, залиха на суровина, готов производ или пак било која залиха на трговска роба итн.

Пожарни ризици се збир од неколку опасности како што се:

  • Пожар
  • Експлозија
  • Удар на гром
  • Олуја
  • Град
  • Манифестации и демонстрации
  • Излевање на вода од инсталации
  • Поплава
  • Лизгање на тло
  • Одрон на земјиште,итн.

Предвидената премија се оценува како најповолна за секоја компанија, бидејќи делот што треба да се плати  започнува од само 0,02 – 0,03 % од вредноста на предметот.

КРШЕЊЕ НА МАШИНИ

Најчесто ова осигурување оди во комплет со полисата за пожарно осигурување Се врши осигурување на машините, опремата, инсталациите, цевководите, гасоводите итн, додека се во функција, од нивно ненадејно и непредвидливо оштетување или уништување, согласно условите за осигурување.

  • Како опција се нуди осигурување на неколку поединечни машини или пак најчесто сите заедно.
  • Важно е да се напомене дека осигурувачите при превземање на овој ризик во осигурување бараат редовна ревизија и периодични прегледи на машините, согласно прописите за оддржување на истите.
  • Исто така, кај овој вид на осигурување може за некои машини/опрема/делови да има откуп на амортизираната вредност, што не се сретнува кај другите видови на осигурувања.
АВТО КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ

Оваа осигурителна полиса може да биде задолжителна, доколку возилото се купува со договор на кредит или на лизинг или доброволна, како паметна инвестиција за заштита на вашиот имот.

Со осигурителната полиса добивате:

  • Покритие од над 15 ризици-опасности согласно условите зао сигурување.
  • Годишно осигурување со важност во цела Европа и пошироко.
  • Можност за плаќање на помала премија, доколку и вие како осигуреник учествувате со дел при исплата на идната настаната штета.
  • Попусти за непријавени штети, старост на возило, поседување на дополнителна полиса, плаќање во целост на премијата, итн.
  • Пренос на заработените попусти на новокупено возило.
  • Можност за осигурување на возачот и патниците од незгода.
  • Можност за добивање на најдобрата достапна понуда само за вашето возило.
  • Можност за достава на полиса на ваша адреса и време кое Вас ви одговара.

Предвидената премија зависи од новонабавната вредност на возилото, изборот на вашето учество во штети како и во ризикот провална кражба, дополнителни осигурувања, добиени попусти, начинот на плаќање, итн.

ОСИГУРУВАЊЕ ОД АВТО-ОДГОВОРНОСТ

Оваа осигурителна полиса е задолжителна при годишната регистрација на вашето возило. Ненавременото купување на оваа полиса може да резултира со поголеми финансиски трошоци при собраќајна несреќа, како и законска санкција од МВР.

  • Материјални штети со минимални осигурени суми
    од 150.000 евра до 500.000 евра во зависност од видот на моторното возило.
  • Нематеријални штетисо минимални осигурени суми
    од 300.000 евра до 1.000.000 евра во зависност од видот на моторното возило.
  • Висината на премијата е иста во било која осигурителна компанија.
  • Можност за осигурување на возачот и патниците од незгода
  • Можност за осигурување на стаклата од кршење.
  • Можност за купување на т.н. автоасистенција услуга (помош при незгода на пат).
  • Можност за т.н. полиса АО плус (осигурување на возачот од незгода за која е виновен).
  • Можност за авто-каско осигурување.
  • Можност за пресметка на премијата само за вашето возило.

Премијата зависи од силата на моторот, староста, како и од непредизвикани или предизвикани штети ( бонус-малус систем), кај товарни возила зависи од носивоста, а кај автобусите од намената и бројот на седишта, итн.

Осигурување на возило

Дознајте повеќе за осигурителните полиси на вашето возило. Дозволете да ви помогнеме во процесот на задолжителни осигурувања и да ви го пренесеме нашето експертско мислење за сите дополнителни услуги. 

Осигурување на вработени

Осигурувањето на вашите вработени ги прави посветени на секојдневните работни обврски со чувството на сигурност и задоволство. Прочитајте повеќе за осигурителните полиси.

МЕНАЏЕРСКО ОСИГУРУВАЊЕ
    • Покритие со важност 24/7, било каде.
    • Високи осигурени суми за осигурување од смрт и инвалидитет согласно условите за осигурување.Оваа осигурителна полиса е наменета за сите членови на управни и надзорни органи, раководители во финансиските институции и сите што се поставени на одговорни позиции со посебни овластувања а во насока на поголема мотивација за постигнување на годишните деловни цели.

    Специфика на оваа полиса е т.н. Бонус (дел од уплатената премија) кој се враќа-уплаќа или на сметка на договорувачот на осигурувањето (фирмата) или пак на трансакциска сметка на менаџерот. Оваа одлука ја донесува договорувачот на осигурувањето,а најчесто е базирана на постигнатите годишни таргети на секој менаџер.

КОЛЕКТИВНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД ПОСЛЕДИЦИ НА НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ-НЕЗГОДА
  • Традиционално годишно осигурување наменето за сите вработени во нашата земја,кое го склучува работодавачот, а може да се плаќа од негова страна како и од страна на вработените.
    • Високи осигурени суми за осигурување од смрт и инвалидитет со можност за исплата на дневен надомест и трошоци за лечење, согласно условите за осигурување.
    • Покритие со важност 24/7, било каде.
    • Мининални месечни премии од 100 или 50 денари по вработен и осигурени суми согласно дејноста во која работи правното лице.
    • Можност да се вклучат во осигурување и членови на семејството.

    Премијата завииси од бројот на осигурените лица, од вклучениот број на ризици-опасности и од висината на осигурената сума.

ОСИГУРУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊА

Со оваа полиса се обезбедува осигурително поктирие за добавувачите од ризикот неплаќање на нивните побарувања од страна на домашни и странскику пувачи. Покриени ризици се:

  • Продолжено доцнење-неплаќање.
  • Стечај-несолвентност.
  • Освен осигурувањето, дополнителни предности се:
  • Влез на нови пазари.
  • Превземање на некој клиент од конкуренција преку нудење на подобри услови(валута и рокови на плаќање)-нови купувачи.
  • Продажба без барање на банкарски гаранции, акредитиви.
  • Употреба на полисата како колатерал кај банките.

Превенција за осигурителната компанија и за осигуреникот преку континуираните анализи и пратење на пазарите и фирмите за евентуалното нарушување на стабилнита финансиска состојба на купувачите со превземање на соодветни мерки.

Осигурување на побарувања

Бидете секогаш сигурни дека вашата работа ќе се исплати. Дознајте повеќе за осигурителната полиса.

Транспортно осигурување

Дозволете да ви помогнеме во процесот на осигурување и да ви го пренесеме нашето експертско мислење за сите услуги кои можете да ги добиете.

Повеќе >

Транспортно осигурување
    • Карго полиса: осигурување на стока во сите видови транспорт.
    • ЦМР полиса: осигурување на одговорноста на превозникот за превземената стока.

    Постојат суштински разлики помеѓу овие два вида на осигурување и ако не се направи јасна разлика или недоволно се објасни од агентите кои ги продаваат полисите или не се целосно разбрани од  превозниците кој го извршуваат транспортот, организаторите на превозот итн често пати се доаѓа до судски спорови и значителни штети на робата а кој најчесто паѓаат на товар на сопственикот на стоката .

    • ЦМР полисата ја покрива исклучиво одговорноста за штети за докажана субјективна одговорност на возачот,а согласно меѓународната конвенција ЦМР за друмски превоз за стоки е со големо ограничување на висината на вредноста н апратката.
    • ЦМР осигурувањето е понекогаш задолжителен документ од страна на организаторите на транспорт привршење на меѓународниот превоз на стока, па поседувањето на оваа полиса ја“брани”одговорноста од странана на превозникот како и финансиската сигурност на превземената стока, а со тоа направила најдобро што може како совесен субјект во целиот овој процес.
ОПШТА ОДГОВОРНОСТ

Се врши осигурување на вашата одговорност за штети настанати од вршење на дејност и активности како и од поседување на работи, вашиот правен однос, или одредено својство.

Предмет на осигурување е законската граѓанска одговорноост за штети кои ќе предизвикаат: смрт, повреда на телото и здравјето, како и оштетување и уништување на предмети на трети лица.

  • Се нуди како правна, така и финансиска заштита, а согласно условите за осигурување..
  • Премијата зависи од видот на дејноста, висината на покритието и уште некои други параметри.
ПРОФЕСИОНАЛНА ОДГОВОРНОСТ

Погрешно даден совет, проценка или активност или некои други видови на ненамерни направени пропусти се предуслов за потенцијални поднесени тужби од незадоволни клиенти, посебно во дејности кои нудат специјализирани услуги, како што се: сметководители, лекари, нотари, вештаци, геодети, ревизори итн, а согласно условите за осигурување.

  • Со оваа полиса се добива моќен финансиски инструмент, кој многу ќе ви помогне за избегнување на несакани финансиски трошоци и непречено продолжување на вашата професионална дејност понатаму.

Премијата зависи од дејноста, бројот нав работени, лимитот на покритието, франшизите и уште некои други параметри.

Осигурување на одговорност

Дозволете да ви помогнеме во процесот на осигурување и да ви го пренесеме нашето експертско мислење за сите услуги кои можете да ги добиете.