Полиси за државни и јавни претпријатија

Со ангажирањето на искусни професионалци во делот на дефинирање на ризиците и потребното ниво на квалитет на покритието при набавката на осигурителни услуги, ќе се овозможи вистинска грижа и заштита на имотот на државата со кој треба најодговорно да се однесуваат сите учесници во процесот на осигурување на овие добра.

Комисиите за јавни набавки по институциите, поради специфичноста на самата дејност осигурување, често пати имаат дилеми и прашања на кои треба да се најдат вистинските одговори.

  • Да напоменеме дека, даденото овластување на осигурително брокерско друштво за посредувањето при изборот на најадекватно осигурување, како и при идните штети, е апсолутно без никакви финансиски оптеретувања на државните и јавни претпријатија.