За нас

За Вега осигуривање

Неколку луѓе од различни професионални ориентации и бизниси се сретнуваат случајно и  за кратко време ја донесуваат одлуката да ги постават темелите на едно ново осигурително брокерско друштво Вега Осигурување АД Скопје.

Размилсуваме ..постои силна потреба за физичките и правните лица да бидат јасно упатени во нивните права и можности за обезбедување на нивната иднина.

Токму тоа беше нашата примарна цел при креирањето на тимот професионалци кои што ќе бидат вашите вистински претставници во светот на осигурувањето. Обезбедувајќи  ја вашата сигурност Вие ја обезбедувате не само безбедноста на вашите деца, туку и на целото општество.

Нашата улога е да работиме и делуваме како  посредници во изборот на најсоодветното осигурително покритие за секој клиент.

  • Нема лоша осигурителна компанија има лошо склучена полиса

Запознајте се.

Процес при ангажирање на брокер

Фаза 1:Пред склучување на договорот за осигурување
  1. Потпишување на овластување за наше ангажирање, без финансиски надомест.
  2. Кратко запознавање со осигурителните продукти и компании.
  3. Изработка на барање за осигурително покритие според потребите на клиентот.
  4. Спроведување на постапка на прибирање на понуди од осигурувачите.
  5. Запознавање со условите за осигурување согласно кои ќе се склучи полисата.
    Напомена: Запознавањето со делови од условите за осигурување се многу важни во целиот процес, за да се избегнат идни несакани и непријатни состојби.
  6. Наша препорака за избор од неколку пристигнати понуди од осигурувачите.
  7. Проверка на исправноста на издадената полиса за осигурување и договорениот начин на плаќање.
Фаза 2: За времетраење на договорот за осигурување

1.Навремена комуникација со осигурувачот  доколку има промена на околностите кои се значајни за оценка на ризикот, прекин на работата, раскинување на договори согласно случаеви предвидени во условите за осигурување и законот.
2. Во случај на настанување на штетен настан:
– посредување при пријава на штетата и објаснување на процесот за обештетување;
– посредување при утврдување на причините за штетата;
– во случај на евентуален спор, можност за правна помош и застапување од страна на соработниците на Вега осигурување.

  1. Комуникација со осигуреникот за понатамошни планови за продолжување на полисата.
  2. Навремена обнова на полисата за осигурување и договорање на начинот на плаќање.
  3. Информирање на клиентот за промоции и попусти на останатите видови на осигурувања и релевантни промотивни активности на осигурувачите и Вега осигурување.
  4. Откажување на овластувањето  од страна на клиентот порадинегови причини е возможно во секое време

Запознајте го нашиот професионален тим

Горан Стојанов

Извршен директор

Зоран Маневски

Осигурителен агент

Јасмина Маџароска-Сотирова

Осигурителен агент

Давид Јовевски

Осигурителен агент