Полиси за семејства
Осигурување на дом
Домот е место каде ги поминуваме најубавите мигови!
Одберете полиса која вам најмногу ви одговара и дознајте ги предностите од осигурување на вашиот дом.
ОСИГУРУВАЊЕ НА ДОМАЌИНСТВО
Со оваа осигурителна полиса добивате комплетно годишно осигурително покритие за:
- Објектот и стварите.
- Осигурување од пожар.
- Провална кражба.
- Одговорност према трети и од трети лица.
- Трошоци за нужно сместување.
- Услуга на т.н домашна асистенција, итн.
- Можност за дополнително осигурување од поплава.
- Можност за осигурување од земјотрес.
- Можност за осигурување на стакла од кршење.
- Можност за попусти за непријавени штети, сигурносни-заштитни системи.
- Можност за плаќање на премија во целост во одредени рокови, итн.
Висината на премијата зависи од премијата што треба да се плати зависи од површината на станот/куќата (м2), вредноста на стварите во домот, дополнителните осигурувања, заработените попусти, начинот на плаќање.
ПОЖАРНО ОСИГУРУВАЊЕ
Доколку не секористи станот или пак премијата на полисата за домаќинско осигурување Ви претставува финансиско оптеретување, Ви предлагаме да се направи основно пожарно осигурување кое го покрива најголемиот ризик, а тоа е пожарот.
- Повеќето дополнителни ризици споменати во полиса 1 може да се вклучат и во овој вид на осигурување.
ОСИГУРУВАЊЕ НА ВИКЕНДИЦА
Обезбедете го и својот вложен капитал во вашите втори домови за да ги поминувате и во иднина вашите убави моменти
АВТО КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ
Оваа осигурителна полиса може да биде задолжителна, доколку возилото се купува со договор на кредит или на лизинг или доброволна, како паметна инвестиција за заштита на вашиот имот.
Со осигурителната полиса добивате:
- Покритие од над 15 ризици-опасност и согласно условите за осигурување.
- Годишно осигурување со важност во цела Европа и пошироко.
- Можност за плаќање на помала премија, доколку и вие како осигуреник учествувате со дел при исплата на идната настаната штета.
- Попусти за непријавени штети, старост на возило, поседување на дополнителна полиса, плаќање во целост на премијата, итн.
- Пренос на заработените попусти на новокупено возило.
- Можност за осигурување на возачот и патниците од незгода.
- Можност за добивање на најдобрата достапна понуда само за вашето возило.
- Можност за достава на полиса на ваша адреса и време кое Вас ви одговара.
Предвидената премија зависи од новонабавната вредност на возилото, изборот на вашето учество во штети како и во ризикот провална кражба, дополнителни осигурувања, добиени попусти, начинот на плаќање, итн.
ОСИГУРУВАЊЕ ОД АВТО-ОДГОВОРНОСТ
Оваа осигурителна полиса е задолжително при годишната регистрација на вашето возило. Ненавременото купување на оваа полиса може да резултира со поголеми финансиски трошоци при собраќајна несреќа, како и законска санкција од МВР.
- Материјални штети со минимални осигурени суми
од 150.000 евра до 500.000 евра во зависност од видот на моторното возило. - Нематеријални штетисо минимални осигурени суми
од 300.000 евра до 1.000.000 евра во зависност од видот на моторното возило - Висината на премијата е иста во било која осигурителн акомпанија.
- Можност за осигурување на возачот и патниците од незгода.
- Можност за осигурување на стаклата од кршење.
- Можност за купување нат.н. автоасистенција услуга (помош при незгода на пат).
- Можност за т.н. полиса АО плус (осигурување на возачот од незгода за која е виновен).
- Можност за авто-каско осигурување.
- Можност за пресметка на премијата само за вашето возило.
Премијата зависи од силата на моторот, староста, како и од непредизвикани или предизвикани штети ( бонус-малус систем), кај товарни возила зависи од носивоста, а кај автобусите од намената и бројот на седишта, итн.
Осигурување на возило
Дознајте повеќе за осигурителните полиси на вашето возило. Дозволете да ви помогнеме во процесот на задолжителни осигурувања и да ви го пренесеме нашето експертско мислење за сите дополнителни услуги.
Патничко осигурување
Не заминувајте на пат надвор од државата без да се осигурате. Осигурувањето може да ви заштеди финансии во случај на потребна медицинска помош.
ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ
- Оваа осигурителна полиса ви обезбедува заштита на Вас како и вашите најблиски од трошоци во случај на нужна потреба од медицинска помош во странство, каде висината на тие трошоци зависи од земјата во која патувате и услугите кои ќе ги користите.
- Во случај на потреба на лекарска помош, достапна ви е развиената мрежа на асистентски центри кои Ве водат брзо и ефикасно за било каков случај.
- Цената на чинење зависи од бројот на денови планирани за патување, висината на покритието, вашето учество во секоја штета, обемот на покриени опасности и сл.
ДОБРОВОЛНО ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ
Оваа осигурителна полиса обезбедува највисок стандард на здравствена нега со приоритет на достапност до најдобрите приватни здравствени установи кај нас. Согласно условите за осигурување и договорените дополнителни покритија добивате:
- Специјалистички прегледи.
- Едноставни и комплексни дијагностички постапки.
- Болничко и вонболничко лекување.
- Операции
- Рехабилитација како и со дополнувања на покритието за тешки болести.
- Превентивна заштита-периодични прегледи.
- Стоматолошки и офталмолошки услуги.
- Породување,итн.
- Можност за договор за осигурување како поединец или семејство, колективно осигурување (во фирми), како и за менаџерските тимови.
- Во одредени ситуации можно е лекувањето да се одвива и во странство.
- Можност за прифатлива месечна премија со посебни договорања.
- Можност за обезбедување на осигурителни покритија на повисоки осигурени суми (До 1 милион евра).
Премијата зависи од старосната категорија, одбраниот пакет, дополнителните покритија, бројот на вработени кај колективните полиси со просечната старост и сл.
ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ
Оваа осигурителна полиса може да биде доброволна, како паметна инвестиција или задолжителна, при користење на некои кредити.
- Покрива два ризика, од смрт и доживување
- Важност на повеќе години
- Штедење на средства
- Со редовно плаќање се покрива и осигурувањето на животот
- Финансиска поддршка за себе и своето семејство, наследниците или пак назначените коризници.
Премијата зависи од финансиската можност на секој клиент да плаќа според сопствените можности, пристапната старост, висина на осигурените суми, здравствената состојба итн.
Здравствено осигурување
Да се осигурате здравствено значи да си обезбедите врвна и сигурна медицинска помош во секое време. Со овие полиси освен што се грижите за себе, вие се грижите и за вашите најблиски.
Осигурување од незгода
Што и да се случи знајте дека вашето семејство ќе биде згрижено!
СЕМЕЈНА НЕЗГОДА
- Високи осигурени суми за сите членови на семејството од смрт и инвалидитет.
- Покритие со важност 24/7, било каде.
- Флексибилна премија согласно вашите потреби и можности.