Физички лица
Запознајте се со осигурителните услуги наменети за физички лица. Доколку имате дополнителни прашања поврзани со осигурителните услуги за физички лица контактирајте нѐ
Дом
а) Домаќинско осигурување:
- комплетно годишно осигурително покритие (за објектот и стварите, осигурување од пожар, провална кражба, одговорност према трети и од трети лица, трошоци за нужно сместување, услуга на т.н домашна асистенција, итн), согласно условите за осигурување;
- можност за дополнително осигурување од поплава ( Наша препорака: за куќи и станови на приземје );
- можност за осигурување од земјотрес;
- можност за осигурување на стаклата ( внатрешни/надворешни ) од кршење;
- можност за попусти за непријавени штети, сигурносни-заштитни системи , плаќање на премија во целост во одредени рокови итн.
- премијата што треба да се плати зависи од површината на станот/куќата (м2), вредноста на стварите во домот, дополнителните осигурувања, заработените попусти, начинот на плаќање;
б) Пожарно осигурување:
- доколку не се користи станот или пак премијата на полисата за домаќинско осигурување Ви претставува финансиско оптеретување, Ви предлагаме да се направи основно пожарно осигурување ( помалку осигурени предмети и ризици ) кое го покрива најголемиот ризик, а тоа е пожарот. Повеќето дополнителни ризици споменати кај домаќинското осигурување може да се вклучат и во овој вид на осигурување.
Возила
а) Авто Каско осигурување ( патничко моторно возило) :
Поседувањето на оваа полиса е:
- доброволно ( паметна инвестиција за заштита на вашиот имот );
- задолжително ( доколку возилото се купува со договор на кредит или на лизинг );
Осигурителна заштита за:
- покритие од над 15 ризици-опасности согласно условите за осигурување;
- годишно осигурување со важност во цела Европа (кај некои осигурувачи е проширено за делови од Азија);
- плаќате помалку премија доколку и вие како осигуреник учествувате со дел при исплата на идната настаната штета;
- попусти за непријавени штетни настани во годината, за старост на возилото, поседување на полиса од авто одговорност во истата компанија, плаќање во целост на премија во одредени рокови, како дел од некој пакет креиран од осигурителната компанија итн;
- пренос на “заработените” попусти низ годините на каско полисата на новокупеното возило (при продажба на старото возило);
- Наша напомена:
- оваа полиса согласно нашето искуство е најисплатлива да се прави за своето возило до 8-9 години старост;
- можност за осигурување на возачот и патниците од незгода;
- премијата што треба да се плати во договорените рокови зависи од новонабавната вредност на возилото, изборот на вашето учество во штети како и во ризикот провална кражба, дополнителните осигурувања, заработените попусти, начинот на плаќање и сл.
- можност за добивање на најдобрата достапна понуда само за вашето возило;
( со потполнување на прашалникот со најнеопходните детали и достава до нас, ќе ве контактираме во најкраток можен рок согласно времето потребно за комуникација со осигурувачите и нашата анализа на истото ) .
- можност за достава на полиса на ваша адреса и време кое Вас ви одговара !
б) осигурување од авто-одговорност ( патничко моторно возило ):
- задолжително осигурување при годишната регистрација на вашето возило
- Наша напомена:
- да се внимава при обнова на полисата како и при купување на првата полиса. Праксата покажува дека ненавременото купување на оваа полиса или закаснување од неколку денови, освен можната законската санкцијата од МВР, поголеми финансиски последици може да има сопственикот на возилото, доколку во тој период причини сообраќајна незгода со поголеми штети, а кои износи исплатени спрема оштетеното лице ќе му се регресираат ( поврат на средствата ) од осигурителната компанија која законски мора да ја исплати штетата!
- Наша напомена:
- покритие за вашата одговорност за штети причинети кон трети лица, согласно условите за осигурување. Ова се однесува на сите материјални и нематеријални штети со минимални осигурени суми од над 150.000 евра до 500.000 евра во зависност од видот на моторното возило за материјални штети, односно од 300.000 евра па се до 1.000.000 евра за нематеријалните штети, пак во зависност од видот на моторното возило.
- премијата зависи од силата на моторот, староста, како и од непредизвикани или предизвикани штети ( бонус-малус систем), кај товарни возила зависи од носивоста, а кај автобусите од намената и бројот на седишта, итн.
- висината на премијата за овој вид осигурување е иста во било која осигурителна компанија;
- можност за осигурување на возачот и патниците од незгода;
- можност за осигурување на стаклата од кршење;
- можност за купување на т.н авто асистенција услуга (помош при незгода на пат) ;
- можност за т.н полиса АО плус (осигурување на возачот од незгода за која е виновен).
- можност за авто каско осигурување;
- можност за пресметка на премијата само за вашето возило ( ПРАШАЛНИК за изработка на понуда за каско осигурување на патничко моторно возилo )
- достава на полиса на ваша адреса и време кое Вас ви одговара !
Патничко осигурување
- Патничко осигурување во последниве години се препознава како една од најважните работи кои треба да ги имате со себе кога патувате надвор од државата. Ова осигурување ви обезбедува заштита на Вас како и вашите најблиски, од трошоци во случај на нужна потреба од медицинска помош во странство, каде висината на тие трошоци зависи од земјата во која патувате и услугите кои ќе ги користите.
- Во случај на потреба на лекарска помош, достапна ви е развиената мрежа на асистентски центри кои Ве водат брзо и ефикасно за било каков случај. Цената на чинење зависи од бројот на денови планирани за патување, висината на покритието, вашето учество во секоја штета, обемот на покриени опасности и сл.
Здравствено осигурување
а) Доброволно приватно здравствено осигурување:
- обезбедува највисок стандард на здравствена нега со приоритетна достапност до најдобрите приватни здравствени установи кај нас ( болници и дијагностички центри);
- едноставна комуникација и поддршка од асистентските центри на осигурителните компании;
- покритие на трошоците за: специјалистички прегледи, едноставни и комплексни дијагностички постапки, болничко и вонболничко лекување, операции, рехабилитација како и со дополнувања на покритието за тешки болести, превентивна заштита-периодични прегледи,стоматолошки и офталмолошки услуги, породување итн, согласно условите за осигурување и договорените дополнителни покритија;
- можност за договор за осигурување како поединец или семејство, колективно осигурување (во фирми), како и за менаџерските тимови;
- во одредени ситуации можно е лекувањето да се одвива и во странство;
- премијата зависи од старосната категорија, одбраниот пакет, дополнителните покритија, бројот на вработени кај колективните полиси со просечната старост и сл;
- има можност за прифатлива месечна премија со посебни договорања, а сè во насока да се излезе во пресрет на барањата и реалните можности на осигурениците за овој се уште релативно нов производ на домашниот пазар на осигурување;
- оваа класа на осигурување е најбрзо растечко осигурување кај нас и по број на договори и по раст на премијата што е доказ дека клиентите за кратко време ги препознаа бенефитите на полисата;
- за одредени клиенти кои побаруваат посебни услови, спремни сме да обезбедиме осигурителни покритија на повисоки осигурени суми ( до 1 мил.евра ) во соработка со домашните осигурувачи и странските провајдери на таквите услуги;
- со потполнување на прашалникот со најнеопходните детали, ќе ве контактираме во најкраток можен рок;
- достава на полисата на вашата адреса и време кое Вас ви одговара !
б) Животно осигурување:
Ова осигурување е :
- доброволно ( како паметна инвестиција, а посебно доколку се склучи на помлади години );
- задолжително ( при користење на некој кредити );
- полисата за животно осигурување повеќе од 300 година е достапна на луѓето и заедно со транспортното осигурување се “пионерите” во нашата дејност-осигурување;
- едноставноста на ова осигурување, е што покрива два ризика (смрт и доживување) и е со важност на повеќе години. Остварувањето на барем еден од овие два ризика е сосема извесно, односно осигуреното лице или ќе го доживее истекот на договорениот рок на полисата или не. Заедно со штедењето на средствата за некој период понатаму во животот, преку редовното плаќање на премијата, со тек на времето се покрива и осигурувањето на животот, и со ова во секој случај ќе се обезбеди финансиска поддршка за себе и своето семејство/наследниците или пак назначените корисници во случај ако се оствари вториот непосакуван ризик;
- премијата зависи од финансиската можност на секој клиент да плаќа според сопствените можности, пристапната старост, висина на осигурените суми, здравствената состојба итн;
- во последните години ова осигурување кај нас има двоцифрен пораст, поради зголемената конкуренција на осигурувачи и со нови иновативни елементи (инвестирање во фондови );
- одличните бројки во продажбата на животното осигурување кај нас, со вкупна продажба за 2019 год од 30 мил.евра, придонесе за континуираното зголемување на животните осигурувања (околу 20%) во вкупната премија на домашниот осигурителен пазар, што полека нè приближува кон регионалните просеци, иако сеуште сме далеку од некој европски стандард;
- ( со потполнување на прашалникот – понудата за осигурување со најнеопходните детали, ќе ве контактираме во најкраток можен рок )
- Достава на полисата на ваша адреса и време кое Вас ви одговара !