Државни и јавни претпријатија
За сите потребни информации поврзани со осигурување за јавни и држани институции контактирајте нѐ.
Услуги за државни и јавни претпријатија
- Со ангажирањето на искусни професионалци во делот на дефинирање на ризиците и потребното ниво на квалитет на покритието при набавката на осигурителни услуги, ќе се овозможи вистинска грижа и заштита на имотот на државата со кој треба најодговорно да се однесуваат сите учесници во процесот на осигурување на овие добра.
- Комисиите за јавни набавки по институциите, поради специфичноста на самата дејност осигурување, често пати имаат дилеми и прашања на кои треба да се најдат вистинските одговори.
- Да напоменеме дека, даденото овластување на осигурително брокерско друштво за посредувањето при изборот на најадекватно осигурување, како и при идните штети, е апсолутно без никакви финансиски оптеретувања на државните и јавни претпријатија.