Правни лица

Запознајте се со продуктите за осигурување наменети за правни лица. Доколку имате дополнителни прашања поврзани со осигурителните услуги за физички лица контактирајте нѐ.

Имот

Провална кражба и разбојништво

  • Предмет на осигурување се сите предмети кои се во сопственост на осигуреникот, а се сместени во заклучени простории, како и предмети на трети лица земени на поправка, преработка, пари и хартии од вредност, пари во банкомати, превезување на пари и други вредности, осигурување на моторни возила во складишта итн , согласно условите за осигурување.
  • Најчесто се врши осигурување на предметите како група со можност,  освен оние предмети кои се наоѓаат  во моментот, се осигурени и оние кои што ќе се набават подоцна (ако се води точна сметководствена евиденција).
  • Со овој вид на осигурување покрај украдените предмети, осигурани се и уништените и оштетените предмети при провалната кражба, или во обид за такво дејство. Увид и записник од МВР е задолжителен.
  • Наша напомена:
    • Кога осигураните предмети имаат поголема вредност, препорачуваме да се осигуруваат на т.н прв ризик што ќе овозможи осигурување на вредност која што е доволна да ја покрие евентуалната штета што ќе настане.

Пожарни ризици

  • Пожарни ризици ( стручно именувани  како осигурување од пожар и некои други опасности ) се збир од неколку опасности како што се пожар, експлозија, удар на гром, олуја , град , манифестации и демонстрации, излевање на вода од инсталации итн, како и дополнителни осигурувања од поплава, лизгање на тло и одрон на земјиште итн.
  • Најчесто овој вид на осигурување, кај правните лице се води како основно осигурување. Со купувањето на полиса од пожар и некои други опасности, го заштитуваме највредниот имот на компанијата почнувајќи од зградите, канцелариите, производните погони, продавници, магацини, опрема и машини за производство, канцелариски мебел, компјутерската опрема, залиха на суровина, готов производ или пак било која залиха на трговска роба итн.
  • Премијата што треба да се плати се оценува како најповолна за секоја компанија, бидејќи делот што треба да се плати започнува од само 0,02 – 0,03 % од вредноста на предметот.

Кршење на машини

  • Најчесто ова осигурување оди во комплет со полисата за пожарно осигурување
  • Како опција се нуди да се осигуруваат неколку поединечни машини или пак најчесто сите заедно.
  • Евидентирањето на видот,производителот,годината на производство на машините и сл. е задолжително.
  • Се врши осигурување на машините, опремата, инсталациите, цевководите, гасоводите итн, додека се во функција, од нивно ненадејно и непредвидливо оштетување или уништување, согласно условите за осигурување.
  • Битно е да се напомене дека осигурувачите при превземање на овој ризик во осигурување бараат редовна ревизија и периодични прегледи на машините, согласно прописите за оддржување на истите.
  • Исто така, кај овој вид на осигурување може за некои машини/опрема/делови да има откуп на амортизираната вредност, што не се сретнува кај другите видови на осигурувања.

Возила

а) Авто Каско осигурување ( патничко моторно возило) :

Поседувањето на оваа полиса е:

  • доброволно ( паметна инвестиција за заштита на вашиот имот );
  • задолжително ( доколку возилото се купува со договор на кредит или на лизинг );

Осигурителна заштита за:

  • покритие од над 15 ризици-опасности согласно условите за осигурување;
  • годишно осигурување со важност во цела Европа (кај некои осигурувачи е проширено за делови од Азија);
  • плаќате помалку премија доколку и вие како осигуреник учествувате со дел при исплата на идната настаната штета;
  • попусти за непријавени штетни настани во годината, за старост на возилото, поседување на полиса од авто одговорност во истата компанија, плаќање во целост на премија во одредени рокови, како дел од некој пакет креиран од осигурителната компанија итн;
  • пренос на “заработените”  попусти низ годините на каско полисата на новокупеното возило (при продажба на старото возило);
  • Наша напомена:
    • оваа полиса  согласно нашето искуство е најисплатлива да се прави за своето возило до 8-9 години старост;
  • можност за осигурување на возачот и патниците од незгода;
  • премијата што треба да се плати во договорените рокови зависи од новонабавната  вредност на возилото, изборот на вашето учество во штети како и во ризикот провална кражба, дополнителните  осигурувања, заработените попусти, начинот на плаќање  и сл.
  • можност за добивање  на најдобрата достапна понуда само за вашето возило;

( со потполнување на прашалникот со најнеопходните детали и достава до нас, ќе ве контактираме во најкраток можен рок согласно времето потребно за комуникација со осигурувачите и нашата анализа на истото ) .

  • можност за достава на полиса на ваша адреса и време кое Вас ви одговара !

б) осигурување од авто-одговорност ( патничко моторно возило ):

  • задолжително осигурување при годишната регистрација на вашето возило 
    •  Наша напомена:
      • да се внимава при обнова на полисата како и при купување на првата полиса. Праксата покажува дека ненавременото купување на оваа полиса или закаснување од неколку денови, освен можната  законската санкцијата од МВР,  поголеми финансиски последици може да има сопственикот на возилото, доколку во тој период причини сообраќајна незгода со поголеми штети, а кои износи исплатени спрема оштетеното лице  ќе му се регресираат ( поврат на средствата ) од  осигурителната компанија која законски мора да ја исплати штетата!
  • покритие за вашата одговорност за  штети причинети  кон трети лица, согласно условите за осигурување. Ова се однесува на сите материјални и нематеријални штети со минимални осигурени суми од над 150.000 евра до  500.000 евра во зависност од видот на моторното возило за материјални штети, односно од 300.000 евра па се до 1.000.000 евра за нематеријалните штети, пак во зависност од видот на моторното возило.
  • премијата зависи од силата на моторот, староста, како и од непредизвикани или предизвикани штети ( бонус-малус систем), кај товарни возила зависи од носивоста, а кај автобусите од намената и бројот на седишта,  итн.
  • висината на премијата за овој вид осигурување е иста во било која осигурителна компанија;
  • можност за осигурување на возачот и патниците од незгода;
  • можност за осигурување на стаклата од кршење;
  • можност за купување на т.н авто асистенција услуга (помош при незгода на пат) ;
  • можност за т.н полиса АО плус (осигурување на возачот од незгода за која е виновен).
  • можност за авто каско осигурување;
  • можност за пресметка на премијата само за вашето возило ( ПРАШАЛНИК за изработка на понуда за каско осигурување на патничко моторно возилo  )
  •  достава на полиса на ваша адреса и време кое Вас ви одговара !

Вработени

Менаџерско осигурување

  • Востанова пракса кај повеќето домашни фирми кој обезбедуваат нивните менаџери безрезервно да се посветени на секојдневните работни обврски со чувството на сигурност и задоволство.
  • наменето за сите членови на управни и надзорни органи, раководители во финансиските институции и сите што се поставени на одговорни позиции со посебни овластувања а во насока на поголема мотивација за постигнување на годишните деловно цели.
  • Покритие со важност 24/7, било каде.
  • Високи осигурени суми за осигурување од смрт и инвалидитет согласно условите за осигурување
  • Специфика на оваа полиса е т.н Бонус ( дел од уплатената премија ) кој се враќа-уплаќа или на сметка на договорувачот на осигурувањето ( фирмата ) или пак на трансакциска сметка на менаџерот . Оваа одлука ја донесува договорувачот на осигурувањето а најчесо е базирана на постигнатите годишни таргети на секој менаџер.

Колективно осигурување од последици на несреќен случај-незгода.

  • Традиционално годишно осигурување наменето за  сите  вработени во нашата земја кое го склучува работодавачот а може да се плаќа од негова страна како и од страна на вработените,
  • Високи осигурени суми за осигурување од смрт и инвалидитет со можност и за исплата на дневен надомест и трошоци за лечење, согласно условите за осигурување.
  • Покритие со важност 24/7, било каде.
  • Можност да се вклучат во осигурување и членови на семејството
  • Мининални месечни премии од 100 или 50 ден по вработен и осигурени суми согласно дејноста во која работи правното лице.
  • Премијата завииси од бројот на осигурените лица, од вклучениот број на ризици-опасности и од висината на осигурената сума.
  • ( со потполнување на прашалникот со најнеопходните детали, Ќе ве контактираме во најкраток можен рок ) Достава на полиса на ваша адреса !

Побарувања

  • Со оваа полиса се обезбедува осигурително поктирие за добавувачите од ризикот неплаќање на нивните побарувања од страна на домашни и странски купувачи.
  • Околу 30-40% од вкупната актива на фирмата произлегува од нивните побарувања и во најголем дел воопшто не се размислува за осигурување.
  • Само неколку осигурителни компании го нудат ова покритие во моментов кај нас но битно е да се напомене дека целиот ризик заедно со експертизата и потребните анализи во позадина се покриени од страна на реномирани европски и светски провајдери на ваков тип на осигурување.
  • Покриени ризици се:
  • Продолжено доцнење-неплаќање
  • стечај-несолвентност
  • Освен осигурувањето, дополнителни предности се:
  • Влез на нови пазари
  • Превземање на некој клиент од конкуренција преку нудење на подобри услови( валута и рокови на плаќање )-нови купувачи.
  • Продажба без барање на банкарски гаранции, акредитиви .
  • Употреба на полисата како колатерал кај банките.
  • Превенција за осигурителната компанија и за осигуреникот преку континуираните анализи и пратење на пазарите и фирмите за евентуалното нарушување на стабилнита финансиска состојба на купувачите со превземање на соодветни мерки.

Транспортно осигурување

  • Главната поделба е: осигурување на стока во сите видови транспорт ( карго полиса ) и осигурување на одговорноста на превозникот за превземената стока (ЦМР полиса ).
  • На основа досегашната пракса кај нас и во регионот , на основ договорениот паритет по Инкотермс ( кој е сопственикот на стоката во време на транспорт) се докажа дека единствено осигурувањето на стоката ( карго полиса ) е најверојатно најсигурна заштита на интересите на сопственикот на робата .
  • Постојат суштински разлики помеѓу овие два вида на осигурување и ако не се направи јасна разлика или недоволно се објасни од агентите кој ги продаваат полисите или не се целосно разбрани од  превозниците кој го извршуваат транспортот, организаторите на превозот итн често пати се доаѓа до судски спорови и значителни штети на робата а кој најчесто паѓаат на товар на сопственикот на стоката .
  • ЦМР полисата ја покрива исклучиво одговорноста за штети за докажана субјективна одговорност на возачот а согласно меѓународната конвенција ЦМР за друмски превоз за стоки е со големо ограничување на висината на вредноста на пратката.
  • Решавањето на штетите по оваа полиса ( обврска за докажување на одговорноста е на сопственикот на стоката и често трае долго со неизвесен исход ) не е воопшто на некој начин  слична со начинот на кој се решава штета по полиса за осигурување на стоката ( карго ) каде имаме јасно дефинирани осигурени ризици и каде што без посебни проблеми се решаваат најголем дел од штетите.
  • ЦМР осигурувањето е понекогаш задолжителен документ од страна на организаторите на транспорт при вршење на меѓународниот превоз на стока, па поседувањето на оваа полиса ја “брани” одговорноста од страна на превозникот како и финансиската сигурност на превземената стока, а со тоа направил најдобро што може како совесен субјект во целиот овој процес.

Одговорност

а) Општа одговорност :

  • Се врши осигурување на вашата одговорност за штети настанати од вршење на вашата дејност и активности како и од поседување на работи, вашиот правен однос, или одредено својство. Предмет на осигурување е законската граѓанска одговорноост за штети кои ќе предизвикаат: смрт, повреда на телото и здравјето, како и оштетување и уништување на предмети на трети лица.
  • Се нуди како правна, така и финансиска заштита, а согласно условите за осигурување..
  • Премијата зависи од видот на дејноста, висината на покритието и уште некои други параметри.

б)Професионална одговорност:

  • Погрешно даден совет, проценка или активност или некои други видови на ненамерни направени пропусти, се предуслов за потенцијални поднесени тужби од незадоволни клиенти, посебно во некои дејности кои нудат специјализирани услуги, како што се: сметководители, лекари, нотари, вештаци, геодети, ревизори итн, а согласно условите за осигурување.
  • Со оваа полиса се добива моќен финансиски инструмент, кој многу ќе ви помогне за избегнување на несакани финансиски трошоци и непречено продолжување на вашата професионална дејност понатаму.
  • Премијата зависи од дејноста, бројот на вработени,лимитот на покритието, франшизите и уште некој други параметри.